Простор за оспособување и физичка активност за повозрасните лица со посебни потреби на Центарот „Мајка Тереза“
Центарот за згрижување на лица со посебни потреби „Мајка Тереза“ започна со реновирање
на просторот кој им е доделен на користење во период од 10 години од страна на Општина Гевгелија. Објектот има простор од 100 м2 и дворна површина од околу 2000 м2, а ќе биде наменет за згрижување на повозрасни корисници кои имаат потреба од подолг престој, во времетраење од 5 часа дневно. Во дворот ќе има повеќенаменско игралиште и фитнес-справи за подобрување на физичката активност и затворена градина каде ќе се одгледуваат цвеќиња, зеленчук, овошки, билки, а предвидена е и мини-фарма и уметничка работилница. Основната цел е за стекнување навики на животни и комуникациски вештини и поголема социјална инклузија. Реконструкцијата се врши со помош од неколку локални фирми, донации од поединци и поголемиот дел од нивни сопствени средства.