Работилница за поддршка на училишните секции
По повод Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието
спроведен од страна на Македонски центар за граѓанско образование, се одржа дводнева Работилница за поддршка на училишните секции и јакнење на соработката помеѓу општините и училиштата за поддршка на Младински иницијативи, во Скопје.
Во изборот на училиштата за секции во 10 училишта се најде и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија меѓу основните и средните училишта од: Тетово, Пробиштип, Струга, Свети Николе, Прилеп, Долнени, Велес, Врапчиште и Кавадарци. Беа поканети по двајца учесници од општините одговорни за образование кои беа директно вклучени во изработката на Општинската стратегија за МИО и младинско учество, како и по двајца претставници од тимовите за училишна интеграција.
На оваа Работилница се разговараше за улогата на Општината, важноста на секциите во имплементација на заедничките ученички активности за МИО и младинско учeство, планирање и реализирање на активности и дефинирање на приоритетите во соработката училишта- Општина- бизнис-заедница.