Гевгелија вклучена во Проектот „Изградба на 14 пливачки базени“
Започна реализацијата на Проектот „Изградба на 14 пливачки базени“
којa ќе се одвива во две фази. Во првата фаза покрај Тетово, ќе бидат опфатени општините: Кичево, Битола, Штип, Кисела Вода и Ѓорче Петров. Предвидено е базенот да биде изграден за 18 месеци, а локацијата ја обезбеди Општина Тетово.
Во втората фаза базени ќе се градат во: Аеродром, Чаир, Карпош, Струмица, Гевгелија, Неготино, Прилеп и Кавадарци. Процедурата и постапката за нивната изградба ќе започне по завршувањето на изборите, а целосната изградба ќе биде во 2021 година.
- Со тоа ќе ја затвориме првата фаза од изградбата на шест пливачки базени, кои ќе го подигнат спортскиот стандард и стандардот на спортистите. Пливањето е базичен спорт и важно е да ги натераме децата уште од најмала возраст да го засакаат пливањето и да се превенираат евентуални деформитети во нивниот раст и развој, но и да дадеме вредност на споротот во нашата држава, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.
Со базените ќе управуваат Општините, но ќе се направат и дополнителни консултации со спортските работници, пливачките клубови и со Пливачката федерација за да се најде соодветен механизам за максимална функционалност на овие базени.