Намален бројот на пожарите
Во општина Гевгелија минатата година бројот на
пожарите е намален за 98 во споредба со претходната, 2018 година. Така, во 2019-та година на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран, која територија ја опслужува ТППЕ-Гевгелија, се случиле 239 пожари, кои биле локализирани. Од нив, 158 пожари се случиле на отворен простор, при што била опожарена површина од 293,2 хектари, 53 пожари биле на објекти, а 18 пожари се случиле на сообраќајни средства. Причината за 38 пожари била невнимание, додека кај 167 пожари причината е човечкиот фактор.
Најмногу од пожарите, вкупно 90, се случиле во текот на летните месеци јули, август и септември, како резултат на високите температури. Покрај временските прилики на ваквата појава на пожари влијаат и поединечните неодговорни однесувања на сопственици на земјоделски површини со палењето на стрништа, како и фрлање догорчиња во шумски простори. Наспроти неколкуте превентивни акции, организирани од Општинскиот противпожарен сојуз, токму на шумските патишта во општината. Сепак, ваквите превентивни активности не останаа без конкретни ефекти.
Најголемиот број на пожари лани минатата година се случиле во објекти и на отворено во приватна сопственост (132), а помалку во објекти во државна сопственост. за зголемување на ефикасноста и брзината при локализирањето на пожарите. За превентивно и навремено локализирање на пожарите, секако е резултат на ефикасноста и мобилноста на ТППЕ-Гевгелија, каде што се спроведува континуирана обука на пожарникарите и едукација на населението. Исто така, една од приоритетните активности во минатата година беше опремувањето на противпожарната единица.