Лани вложени 574,000 евра за подобрување на патната мрежа во општината
Во текот на 2019 година во општина Гевгелија биле вложени
35.392.336 денари или околу 574.000 евра за подобрување на локалната патна мрежа во Гевгелија и во сите населени места. Притоа, најголем дел од средствата, околу 27 милиони денари, биле наменети за изградба на 2.906 метри или 10.921 метар квадратен нови улици. Така, нови улици се изградени во Гевгелија, потоа, во Негорци, улиците „Гоце Делчев“, „Ѓорге Велков“ и Ристо Петров“, а во Мрзенци е изградена улицата „Гоце Делчев“. Покрај ова со со сопствено учество и финансиска поддршка од Бирото за регионален развој изградена е и последната делница од патот Негорци - Сермени и патот од Давидово до манастирот „Св.Илија“.
Минатата година извршена е реконструкцијана 5.636 метри квадратни улична површина, а нов асфралт добија улиците „1 мај“ и паркингот кај Општата болница во Гевгелија, улицата „Браќа Толеви“ во Прдејци и улицата „Климент Охридски“ во Миравци. Додека бетонирани се над 7.000 метри квадратни метри улична површина, односно помали улици и краци во Кованец, Давидово, Милетково, Миравци и Прдејци.
Минатоигодишната акција за попдобрување на патната мрежа продолжува и годинава со уредување на нови тротоари.