Зголемен бројот на грипозни пациенти, но состојбата се следи
Во текот на 5 недела од грипот, на територијата на општините Гевгелија, Богданци и Дојран
се пријавени нови 13 заболени пациенти од грип или заболувања слични на грип, а во текот на 6 недела бројката премина во 47 нови заболени. Ова го соопшти Сашо Олумчев, раководител на ЈЗУ Центар за јавно здравје - ОЕ Гевгелија, на вчерашната седница на Советот на Општина Гевгелија. Типот Б од вируст на грип доминира кај постарата популација, а типот А е позастапен кај помладата генерација.
Вакцинирани се 900 пациенти на хемодијализа, пациентите во психијатриската болница во Негорци како и дел од здравствените работници како превентивна мерка и солидна основа за градење на колективен имунитет како најдобра мерка за справување со заразни болести. Во следните две недели се очекува да порасне бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип. Нема прогласена епидемија на грип бидејќи грипот е сезонска епидемија сам по себе.