Безбедносната сoстојба во Гевгелија и околината е стабилна
Во текот на 2019 година, безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива ПС од ОН Гевгелија
е оценета како стабилна, истакна Миле Ангелков, командир на ОВР- Гевгелија, ПС ОД ОН- Гевгелија на последната седница на Советот на Општина Гевгелија.
Минатата година, вкупно се регистрирани 73 нарушувања на јавниот ред и мир, а при расчистување се констатирани 67 прекршоци согласно ЗППЈРМ, пријавени 472 поплаки од граѓани, при што се предуредени 441 лица. Вонредно се обезбедени 198 манифестации и јавни настани. Од страна на ПС-Гевгелија биле регистрирани и 5 случаи од Кривичниот законик Загрозување на сигурноста, со сторени 143 кривични дела, од кои 27 се реализирани, а пријавени 341 кривични дела во делот на кривичните дела кои се гонат по приватна тужба, кражба од мала вредност 143, оштетување на туѓи предмети 88, измама 06, самовластие 09, телесна повреда 08, згрозување на сигурноста 65, нарушување на неповредливоста на домот 04. Исто така, покриени се активностите на 12 лица за кои беше воспоставена криминалистичка контрола во делот од НТ со дрога и оружје. Покрај ова, во текот на минатата година биле евидентирани 182 сообраќајни незгоди, од кои 00 се со загинати лица, 06 со тешки телесни повреди, со телесни повреди 41 и со материјална штета 98. На отворен пат се евидентирани 104 сообраќајни незгоди, а во населени места 62. Издадени се 1976 платни налози за наплата на глоба од кои 189 се наплатена глоба, а вкупно издадени 1031 прекршочни платни налози за наплата на глоба, од кои 492 покани се наплатена глоба и 1006 случаи со впишани негативни поени во возачка книшка.