„Комуналец“- Гевгелија со нова акција за чистење на терени
ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, како општествено-одговорна компанија, спроведе нова акција
за чистење на околината, се со цел да се заштити животната средина и да се поттикне еколошката свест кај граѓаните. Акцијата се одвиваше на локации во Гевгелија на кои има неизградено и веќе градено земјиште, поточно кај Касарната, кај новите царински бараки.
Од ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија апелираат до корисниците на градежно изградено и неизградено земјиште, своите парцели и околина да ги одржуваат уредни.