Одбележани 115 години од смртта на Сава Михајлов
115 годишнината од смртта на илинденецот Сава Михајлов
вчера беше одбележана со пригодната свеченост. Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, заедно со претставници од Советот на Општина Гевгелија, како и делегации на борците од СЗБ од НОВ-Гевгелија, на политичките партии и здруженија на граѓани положија свежо цвеќе пред неговата биста во центарот на градот.
- Сава Михајлов од почетокот на 1903 година е војвода во гевгелиско. Учествувал во Илинденското востание. Бил близок соработник на Гоце Делчев и учествувал во многу акции против отоманскиот поробувач.Тој претставува континуитет и неговото име во Гевгелија никогаш нема да згасне. Неговото име го носеше и Првиот партизански одред кој беше формиран во регионот, рече во своето обраќање Јани Ташковски од Здружението на борците.