Image
ВЕСТИ

Континуирана помош за ранливите категории на граѓани

           Активностите за подобрување на социјалната заштита во општина Гевгелија се одвиваат

на две нивоа: мерки и активности за подобрување на условите за згрижување на деца во предучилишните установи и другите установи за згрижување на лица со посебни потреби. Но, истовремено и преку пакет на мерки за субвенционирање на социјално-загрозените категории на граѓани, кои содржеа повеќе форми на финансиска поддршка. Во 2019 година година во Централната детска градинка во Гевгелија и во Детската градинка во Негорци беше извршена целосна замена на столаријата, за што Детската градинка издвои 7,3 милиони денари сопствени средства. Исто така, во Централната градинка, како и во Градинките „Сончогледи“ и „Цветови“ комплетно беа реновирани тоалетите, а во сите Детски градинки извршено е опремување и климатизирање на сите простории. Во сите три Детски градинки во Гевгелија, како и во Детските градинки во Негорци и Миравци извршена е замена на дотраениот паркетен под со ламинат. Во овие две Градинки проширен е опфатот на децата по барање на граѓаните во овие населени места со отворање на јаслени групи.

            Инаку, најголем дел од активностите за подобрување на стандардот на социјално-загрозените домаќинства во општина Гевгелија се реализираат преку Програмата за социјална заштита во општина Гевгелија. Минатата година, Општина Гевгелија им субвенционираше до 500 денари на 30 корисници на гарантирана минимална помош и социјална пензија за потрошената вода и комунални услуги во текот на 2019 година. Исто така, беа обезбедени средства за превоз на децата кои престојуваат во Дневниот центар за деца со посебни потреби. Во Детските градинки беше обезбеден беплатен престој на деца на самохрани родители и родители-корисници на социјална помош.

           Од страна на Градоначалникот на општината, на сите 198 новороденчиња и третороденчиња им беа донирани по 6.000 денари, односно, по 12.000 денари.

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio