Лани Советот на Општината заседавал 18 пати
Во текот на 2019 година, Советот на Oпштина Гевгелија одржал
18 седници, а тоа значи дека советниците континуирано работеле скоро преку цела година. На седниците беа предложени 355 најразлични акти од надлежноста на Советот на Oпштината, од кои 298 беа донесени. Од страна на Градоначалникот на општина Гевгелија беа предложени 189 акти, од кои беа донесени 132, а 166 акти беа предложени од други предлагачи. Комисиите на Советот на Општината одржаа 96 седници, на кои се разгледувани предложените материјали за седниците на Советот. Притоа, се настојуваше со навременото донесување на предложените акти да се овозможи функционирање и развој на локалната самоуправа. Но, и согласно својата Програма, Советот да иницира одредени актуелни и значајни прашања кои придонесуваат за унапредување на животот во локалната самоуправа.
Работата на Советот на Oпштината е целосно транспарентна, така што граѓаните редовно и посредно се информирани за неговата работа. Во прв ред, преку емитуваните снимки од седниците на локалната ТВ Нова 12, но и преку можноста за директно учество во работата на Советот, на претставници на поедини заинтересирани Граѓански здруженија, Месни заедници и други институции. Се разбира, по поедини точки и прашања од Дневниот ред на седницата, кои побудуваат посебен интерес кај граѓаните.