Санирана Привремената депонија покрај патот Негорци-Серменин
Привремената депонија покрај патот Негорци- Серменин е целосно санирана
од екипата на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Деновиве целосно ќе биде исчистена и околината и патот од остатоците од сметот.
- Апелираме до жителите на Негорци повеќе да не фрлат каков било отпад на санираната Депонија и околу патот кон Серменин.Од петок, 13.03.2020 година, комуналните возила на Комуналец, ќе го подигаат сметот од Негорци во секој понеделник, среда и петок, а деновиве ќе се постават и дополнителни контејнери во Негорци за одлагање на сметот. И во оваа прилика, ги известуваме жителите на Негорци, за секој тип на нестандарден комунален отпад да бараат бесплатно подигање на истиот со барање на бројот 034 212 808, велат од ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија,