Советот на Општината ја усвои завршната сметка
Советот на Општина Гевгелија на денешната седница ја усвои Завршната сметка
на Буџетот на општина Гевгелија во 2019 година. Вкупно реализираните приходи на Буџетот на општина Гевгелија за минатата година изнесуваат 549.592.257 денари или 86,15 % од планираниот Буџет од 637.924.806 денари. Приходите на Основниот буџет се реализирани во висина од 238.891.346 денари или 86,66% од планираните приходи во висина од 275.678.228 денари. Станува збор за досега највисок процент на реализација на Општинскиот буџет.
Според билансот на расходи на Завршната сметка на Буџетот на општина Гевгелија, во 2019 година реализирани се вкупно 549.592.257 денари расходи. Капиталните расходи изнесуваат 212.950.774 денари и учествуваат со 41,90% во вкупниот биланс на расходи. Фактот дека минатата година скоро половината од потрошените средства се капитални расходи, зборува за ориентацијата на Општината. За вниманието кое се посветува и средствата што се издвојуваат за капитални инвестиции, пред се, за комуналната и патната инфраструктура, бидејќи задоволувањето на основните потреби на граѓаните беше и останува приоритет, беше нагласено на седницата.
Покрај завршната сметка, Советот на Општината расправаше и ги усвои Извештаите за реализација на Програмите за уредување на градежно земјиште, за локални патишта и улици, за финансирање на културните, спортските и активностите на месните заедници и НВО во минатата година.