Градскиот пазар нема да работи
Постапувајќи по препораките на Владата на РСМ за преземање
дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на КОВИД-19, во четврток, 19 март 2020 година, Градскиот пазар во Гевгелија нема да работи. Според ЈПКД „Комуналец“ на тој начин ќе се обезбеди заштита на здравјето на продавачите и купувачите.