Бетониран едниот крак на улицата кај одводниот канал „Рауљ“
По завршеното бетонирање на улиците „Гоце Делчев“ и „Бошко Бозаџиев“ во Мрзенци,
денеска заврши и бетонирањето на едниот крак на улицата долж одводниот канал „Рауљот“, од Мостот на патот за Негорци до објектот на поранешна „Пелагонија“. Општина Гевгелија продолжува со акцијата за обнова на локалната патна мрежа утврдена со листа на локални улици и патишта кои ќе бидат изградени или рехабилитирани.
Оваа акција во Гевгелија ја врши фирмата „Мансард“ која го доби тендерот за бетонирање на улици.