Започна онлајн-наставата во Основните училишта од Гевгелија
Гевгелиските наставници од Oсновните училишта во општина Гевгелија
започнаа со онлајн-настава додека се нормализира состојбата предизвикана со Корона вирусот. Ваквата неформална настава, уследи по состанокот на Градоначалникот на општина Гевгелија со директорите на Основните училишта, како и повикот на на министерот за образование и наука, Арбер Адеми за организирање прививремена неформална онлајн-едукација.
Наставниците ќе користат линкови за онлајн-учење, социјални мрежи и други начини на комуникација. Ќе испраќаат задачи за решавање, лекции за учење, лектири за обработка, теми, задачи по сите предмети со поврат од учениците за сработеното. Обврска на учениците е редовно да ги следат објавите од наставниците во своите групи на паралелката.
Од Училиштата упатуваат поракa и до родителите и до учениците: - Да продолжат да се интересираат и да ги почитуваат препораките, а децата да седат дома, да учат по електронски пат и надвор да излегуваат само ако не е неопходно.