Негативен е тестот на медицинското лице од Општа болница- Гевгелија
По шпекулациите дека медицинското лице вработено во Општа болница- Гевгелија
е позитивна на Корона вирусот, вчера истото лице беше тестирано, а резултатите покажаа дека е негативна. Тоа го потврди и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, по консулатциите со раководните лица на Општата болница во Гевгелија и на Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија:
- За медицинското лице вработено во ЈЗУ Општа Болница- Гевгелија кое беше тестирано од Корона вирусот (Covid19), добивме потврдни информации дека тестот е негативен!
Поради настанатиот случај и преземените превентивни мерки, вчера, ЈЗУ Општа Болница- Гевгелија работеше во некои одделенија со намалени човечки ресурси. Од денес, ситуацијата се враќа во нормала и сите одделенија ќе бидат ставени во функција за заштита на граѓаните.
Градоначалникот апелира до граѓаните да не се шири паника, да бидат дисциплинирани и смирени, а да се почитуваат препораките на надлежните институции и да се грижат за сопственото и колективното здравје.