Забрана за собирање во ноќните часови во парковите и јавните површини во општина Гевгелија
По заклучоците од 23 седница на Владата на Република Северна Македонија за спречување
и заштита од ширење на Корона вирус, во општина Гевгелија се забранува пристап на лица и возила во рекреативниот центар Динќут, Вардарски Рид и другите паркови и јавни површини, секој ден, во период од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден. За оваа цел, ОВР- Гевгелија со патролни возила ќе ги контролира влезовите на овие локалитети. Исто така, се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини во Гевгелија.
Во Гевгелија, сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, задолжително треба да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.
Доколку не се почитуваат мерките, ќе се преземаат соодветни законски мерки.