Продолжува акцијата за дезинфекција на улиците и јавните површини
Општина Гевгелија продолжува и ги засилува мерките за дезинфекција на јавните објекти,
улици и јавни површини, во соработка со Центарот за здравје- ПЕ Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“. Притоа, извршена е дезинфекција на сите Општински објекти.
ЈПКД „Комуналец“, согласно Планот за дезинфекција на улици и јавни површини, врши редовна дезинфекција на улиците и јавните површини, како и Општинските јавни објекти, и тоа, на секои пет дена, согласно упатството од Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.
Заради обезбедување на поголема заштита на јавното здравје, Општина Гевгелија им препорачува на граѓаните доследно да ги применуваат мерките на Владата на РСМ, посебно, во поглед на личната и дезинфекцијата на своите домови.
Исто така, им се препорачува на сите Заедници на сопствениците во колективните станбени згради, во станбените згради да организираат дезинфекција на влезовите и ходниците.
Додека, правните лица да извршат дезинфекција во производните и другите деловни простории, каде што се обавуваат работните процеси.