Забранет пристап до сите детски игралишта и јавни површини
По мерките на Општина Гевгелија, затворени се сите детски игралишта
во и надвор од училишните дворови, рекреативни терени и центри (Динќут, Вардарски Рид, Парк кај ЖС) и други јавни површини и се обележани со ленти за забранет влез.
Притоа, уште еднаш се апелира до граѓаните доследно да ги почитуваат и постапуваат по мерките на Владата на РСМ и мерките на Општина Гевгелија.