Oткриен сторителот на вандалскиот чин
Откриен е сторителот на вандалскиот чин во центарот на Гевгелија,
кога на шеталиштето и во околината од центарот на градот, беа уништени поголемиот број од жардинериите со цвеќе и садници. За кратко ЈПКД „Комуналец“ веднаш изврши обнова на јавните жардинери. ОВР- Гевгелија го утврди идентитетот на сторителот на кривичното дело.
- Во врска со синоќешниот немил настан што се случи во Гевгелија, најстрого го осудувам ваквиот вандалски чин невообичаен за Гевгелија, изјави денес градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков. Преземени се сите мерки од страна на Полициската станица и ОВР- Гевгелија за брзото откривање на сторителот и неговиот идентитет поради што упатувам пофалби за брзата акција. Се работи за лице кое има психолошко нарушување и истиот веднаш е транспортиран во Психијатриската болница во Негорци, информираше градоначалникот Поцков, кој покрај осудата на овој чин, апелираше до граѓаните да останат мирни и дома и да ги почитуваат мерките на Владата на Република Северна Македонија.