Oпштинскиот кризен штаб донесе засилени мерки против Корона вирусот
Денес, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков,
го свика Општинскиот кризен штаб по новонастанатата ситуација, идентификување на позитивно лице на Корона вирус од општина Гевгелија на 29 март 2020 година. На состанокот одржан на 30 март 2020 година, Општинскиот кризен штаб ги донесе следниве мерки за спречување на внесувањето и ширењето на Корона вирусот на територијата на Општина Гевгелија:
- Да се изврши дезинфекција на сите улици во Гевгелија, која акција започна уште од синоќа, а ја спроведува ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Центар за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.
- Да се изврши дезинфекција на сите тротоари и јавни површини во Гевгелија, која акција веќе е во тек, а ја извршува ЈПКД „Комуналец“ во соработка со ТППЕ- Гевгелија и Центар за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.
- Да се изврши дезинфекција на сите влезови на колективни станбени згради во Гевгелија и во населените места, која акција е во тек, а ја извршува ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Центар за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, општина Гевгелија и претседателите на Станбените заедници.
- Да се изврши дезинфекција на улиците и јавните површини во сите населени места, која акција е во тек, а ја извршува ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Центар за јавно здравје-ПЕ Гевгелија, Општина Гевгелија и претседателите на Месни заедници.
- Да се постават дезинфекциони бариери со сензори на двата влеза во Гевгелија, т.е. пред надвозникот и на патниот правец Негорци-Гевгелија, кои ќе ги обезбеди Општина Гевгелија, а ќе ги постави ЈПКД „Комуналец“ во соработка со ОВР-Гевгелија.
- Да се упати барање до Главниот координативен кризен кризен штаб за поставување на дезинфекциони бариери на Граничниот премин Богородица.
- Да се упати барање до Главниот кризен штаб за обезбедување заштитни скафандери за припадниците на МВР (вкупно 30 броја) .
- Во Гевгелија пунктот за земање на брис за COVID 19 е поставен во просториите на Одделението за кожни болести, кое се наоѓа на влезот од Општата болица во Гевгелија, а приемот на пациенти е исклучиво со упатство од матичен лекар.
- Воведени се дежурни телефони - Сите граѓани кои имаат потреба од консултација за психолошка поддршка можат да се обратат на дежурните телефонски броеви: 076 304 990 и 078 331351 за возрасни лица во текот на 24 ч. За психолoшка поддршка за деца и адолесценти, консултации на дежурниот телефонски број: 078218031.
- Покрај забраната за работа на Градскиот пазар во Гевгелија (четврток), донесена е и забрана за работа на Пазарот во Миравци (петок).
- За потребите на Општата болница и Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, Општина Гевгелија обезбеди 2 комплетa на медицински паравани, кревети и витрини за лекови.