Излезе од печат мартовскиот „Гевгелиски магазин“
Излезе од печат мартовскиот број на „Гевгелиски магазин“
кој содржи многубројни информации за настаните и активностите во општина Гевгелија. Главната тема на Магазинот е дека Гевгелија е општински консолидирана и е на вистинскиот пат кон реалните потреби преку едногодишниот отчет на градоначалникот Сашо Поцков и информации и активности околу новонастанатата ситуација која го зафати целиот свет, Корона вирусот. Во овој број, се опфатени сите актуелни настани и случувања во општината, како и инфраструктурни активности и реализација на повеќе проекти.
Во мартовското издание на „Гевгелиски магазин“ има богата хроника на активности околу тековните активности како: вложените средства за подобрувањето на патната мрежа, добиениот Грант од 900.000 евра за патна инфраструка, комуналии за жителите на Караорман, гасоводот МК-ГР и сл., интервјуа со Градоначалникот и Катица Џишева Дупарова, како и страници посветени на: богатата културна хроника, младите и најновите спортски активности во општината.