Онлајн-настава и во ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија
И, наставниците од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија започнаа со онлајн-настава.
Часовите се одвиваат преку индивидуална комуникација наставници-ученици преку Вибер или Месинџер, а Солфеж се одржува преку групната апликација Зум.
На овој начин, учениците од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, преку современите интернет- алатки, не изоставуваат од наставата за балет, виолина, кларинет, пијано, флејта и солфеж. Директорката Сузана Стефанова е горда поради тоа што Музичкото училиште прво започнало со ваквиот начин на настава.