Наставниците од гевгелиските училишта добија упатство за начинот на оценување
Бирото за развој на образованието во соработка со Центарот за стручно
образование и обука изготви упатство за наставниците за начинот на оценување на учениците во период на реализација на настава преку далечинско учење, односно учење од дома.
Во упатството наведени се техники и методи погодни за формативно оценување на напредокот на учениците со користење на електронски платформи и мрежи. Тоа ги вклучува есејските прашања (употреба на е-пошта), избработка на проекти (преку работа во група), Скајп или Вибер дискусии (или дискусии преку други мрежи и платформи), мултимедијални презентации, изготвување постери (преку работа во група), проекти/истражувачки задачи (преку работа во група), тестови на знаења (може да се проследат преку социјалните мрежи, е-пошта или преку платформа), контролни вежби на учениците и ученичко е-портфолио.
Наставниците ќе можат да користат прашалник и квиз-алатка за да направат тествови за тестирање со задачи и прашања со повеќечлен избор, отворени прашања, прашања со надополнување и кратки одговори и тоа преку користење на различни алатки за споделување на материјали, како што се: Google Forms, OneNote, Linolt, Padlet, Zoom, Kahoot, Mentimeter, Socrative, Microsoft Teams, SurveyMonkey, Quizlet, Edmondo, ClassDojo, Мој глас и други.
Според упатството, тестовите не треба да се обемни, односно се препорачува да содржат најмногу десетина суштински задачи или прашања.