374 слободни места за запишување ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за уписи на ученици
во Средните училишта во новата учебна 2020-2021 година. Во Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“, во прва година ќе се запишат 374 ученика во 11 паралелки според наставните планови и програми.
Според предвидениот број на ученици, во Гимназиското образование ќе се запишат 170 ученика во 5 паралелки, за што ќе бидат потребни минимум 60 поена, во Угостителско-туристичката струка ќе се запишат 102 ученика во 3 паралелки и тоа 34 за хотелско туристички техничар, 34 за келнер и 34 за готвач. Во Машинската струка ќе се запишат 68 ученика во две паралелки, и тоа 34 за машински техничар за моторни возила и 34 за автомеханичар, заварувач. Во Економско-правната и трговската струка ќе се запишат 34 ученика за економски техничар во 1 паралелка.
Со Конкурсот е утврдена можноста за запишување ученици според Наставните планови и Програми за: гимназиско образование, природно-математичко подрачје, општествено-хуманистичко подрачје, јазично-уметничко подрачје, стручно образование (техничко образование - четиригодишно траење, стручно образование за занимање - тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование, средно образование за ученици со посебни образовни потреби и гимназиско образование во Математичко-информатичка гимназија.
Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, можат да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, на 24 август 2020 година за што доставуваат доказна документација.Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, можат да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, на 24 август 2020 година за што доставуваат доказна документација.