Земени 30 бриса во Пунктот во Гевгелија за тестирање од Корона вирус
Пунктот за земање брисеви за тестирање од Корона вирус
кој се наоѓа во бараката на некогашното Одделение за кожни болести, веќе започна со работа и досега се земени триесетина брисеви на пациенти со и без симптоми.
- Во пунктот досега се земени триесетина брисеви на пациенти со и без симптоми на Корона вирусот. Пациентите за брис прво треба телефонски да се јават на матичен лекар и се примаат за тестирање само со закажување преку ,„Мој термин“, со упат од матичен лекар кој се добива согласно направена епидемиолошка анкета, истакна eпидемиологот од Центарот за јавно здравје- ПЕ- Гевгелија, Сашко Олумчев.
Олумчев потврди дека по идентификацијата на првиот случај на заразен со Ковид-19 во Гевгелија, веќе се земени брисеви за тестирање од најблиските со кои живее заразеното лице, како и од сите посочени со кои лицето остварило контакти и дека истите се пратени на доработка во лабораторијата на Институтот за јавно здравје во Скопје, од каде се очекуваат резултатите.