JПКД „Комуналец“: - Водата за пиење е технички, хемиски и бактериолошки исправна
По дезинформациите што се појавија на социјалните мрежи дека водата за пиење
е неисправна, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ги информира граѓаните дека согласно резултатите од направените редовните анализи (24 и 31.03.2020 година), водата за пиење во општина Гевгелија комплетно ги исполнува сите услови за техничка, хемиска и бактериолошка исправност.
Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат: - Ги молиме граѓаните, да не шират дезинформации за „неисправна вода за пиење“ и непотребно кревање паника во јавноста. За сите дополнителни информации, може да ги контактирате надлежните служби на тел.: 034 212 808 - во работно време или на е-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..