Саниран е одронот на влезот на Серменин
Поради обилните врнежи од дожд, вчера дошло до одрон од камења
на влезот на селото Серменин. Од страна на жителите на селото Серменин беше пријавен случајот со одрон на влезот на селото, со што беше попречено нормалното движење на жителите.
По брзата реакција од страна на Oпштина Гевгелија, ангажирана е механизација, по што одронот e остранет и овозможен е пристап кон селото.