Регулацијата на Сува Река ги дава првите резултати
По последните обилни врнежи од дожд, надојдените речни води се слееја
и во Сува Река, кај Гевгелија. Но, за разлика од сликите во ноември 2017 година кога коритото беше преплавено, а водите достигнаа до самиот Железнички мост, овој пат сликата од коритото на Сува Река е многу поразлична. Надојдените речни води не само што се канализирани, туку и немаат воопшто покачен водостој. Тоа е резултат на регулацијата на најкритичниот дел од коритото на Сува Река која се реализира во рамките на проектот „Одржливо управување со водните ресурси во прекуграничниот регион" (AQUA M2), од NTERREG/IPA Програмата за прекугранична соработка со Грција и финансиска поддршка од ЕУ.
По барање на сите партнери, Општина Гевгелија поднесе барање до Техничкиот сeкретаријат на ИПА-ППС во Солун за продолжување на рокот за реализација на проектот кое е одобрено и реализацијата на проектот треба да заврши до крајот на декември 2020 година. Но, и покрај тоа проектот, односно регулацијата на коритото на Сува Река во Гевгелија веќе ги дава првите резултати, кои се видливи