Oпштинскиот кризен штаб со нови мерки за спречување на ширењето на Корона вирус
Денес, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков,
го свика Општинскиот кризен штаб во врска со мерките на Владата на РСМ од 36 седница за забрана на движење на граѓаните поради спречување на внесувањето и ширењето на Коронавирус COVID 19 на територијата на Република Северна Македонија.
Општинскиот кризен штаб ги донесе следниве мерки за спречување на внесувањето и ширењето на Корона вирусот на територијата на Општина Гевгелија:
- ОРГАНИЗИРАНО СНАБДУВАЊЕ И ДОСТАВА НА ПРЕХРАНБЕНИ АРТИКЛИ
Во деновите среда и четврток (8 и 9.04.2020), во периодот од 16.00 до 05.00 часот, како и во периодот од петок (10.04.2020) во 16.00 часот до понеделник (13.04.2020) во 05.00 часот, граѓаните во Гевгелија можат да нарачат достава на најнеопходните прехранбени артикли на дежурните телефони на следните економски оператори во Гевгелија:
- „СОЛУН 53“ 071/341-592
072/249-566
071/392-701
- „СОРИТА“ 078 202 666
- „ГУШЕВ МАРКЕТ“ 070 218 452
-„ГОДА“ 071 226 666
-„ХОЛИВУД“- Миравци 076 377 599
-„ТАС-КОМ“- Мрзенци 071 566 000
Екипи на вработени на економските оператори ќе ги испорачуваат нарачките по телефон на пријавената адреса за испорака, во периодот од 16.00 до 20.00 часот, во работните денови и од 9.00 до 14.00 часот во саботите и неделите.
Сите други економски оператори, продавници на прехранбени артикли доколку сакаат да испорачуваат нарачки на прехранбени артикли онлајн, можат да се пријават на дежурниот телефон во Општина Гевгелија 072 227 158 за да бидат вклучени во доставата.
- СИТЕ СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА и натаму можат да нарачат набавка и достава на прехранбени артикли и лекови преку Општинските мобилни тимови јавувајќи се на дежурниот делефон во Општина Гевгелија, 078 690 648 секој работен ден од 10 до 15 часот. Во работните денови по 16 часот и преку викендот нарачките за набавка можат да ги прават на дежурните телефони на супермаркетите.
- Сите Јавни установи, банки, супермаркети, трговски и други дуќани, аптеки, продавници и пиљари, согласно засилените мерки на заштита од Коронавирусот на Владата на РСМ, во текот на работното време да обезбедат заштитни средства за сите вработени и преку засилени редарски служби да обезбедат влегување на граѓаните во деловните простории со прописно растојание и заштитни средства, согласно упатствата на СЗО.
Редарските служби да бидат посебно засилени на 13.04.2020 година, во понеделник - денот после викенд-забраната за движење на граѓаните, кога се очекува зголемено движење на граѓаните.
- ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО ГЕВГЕЛИЈА на 9 април 2020 г. (четврток) ќе биде отворен од 9.00 до 14.00 часот само за понуда и продажба на земјоделски производи и цвеќе според посебен режим на заштита (носење заштитни маски и ракавици) поради вонредната седница.
- Се известуваат граѓаните, доколку во своето соседство забележат привремен престој на граѓани надвор од општина Гевгелија, посебно, оние кои потекнуваат од високоризични подрачја, да се јават на дежурниот телефон во општина Гевгелија 071 311 835.