Oпштина Гевгелија продолжува со акцијата за помош на стари и изнемоштени лица
Општина Гевгелија продолжува со акцијата за помош на стари и изнемоштени лица.
Општина Гевгелија во соработка со УНДП за имплементација на активности и поддршка, во рамките на проектот „Креирање можности за работа на сите“, формираа уште една мобилна екипа која ќе им помага на стари и изнемоштени лица околу купување храна, лекови или плаќање на сметки за домаќинство.
Старите и изнемоштени лица доколку имаат потреба од помош, можат да се обратат на телефонските броеви: 078/348-960 и 078/423-799. За време на викендот, оваа група може да ги користи услугите на економските оператори за испорачување и достава на прехранбени артикли, од 10 до 18 часот.
УНДП за ангажираните лица обезбедија заштитна опрема (ракавици, маски и средства за лична хигиена).
Општина Гевгелија излегува во пресрет и корист на граѓаните грижејќи се за јавното здравје, се со цел да се превенира ширењето на Корона вирусот.