Дезинфицирани улиците и јавните површини за време на викенд-забраната за движење
Во петокот (10 април, 2020 година), после отпочнувањето на викенд-забраната за движење,
дезинфицирани се улиците во Гевгелија и во населените места. Акцијата ја спроведоа службите на ЈПКД „Комуналец- Гевгелија со помош на механизација и вработени од фирмата „Гема пласт“- Гевгелија, согласно Оперативниот план за дезинфекција на улиците и јавните површини и препораките од Општинскиот кризен штаб и Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија. Акцијата се одвива на секои пет дена.
Исто така, денеска (12 април, 2020 година), ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија во соработка со Пожарната служба- Гевгелија ги дезинфицираа јавните површини како: дворовите пред институциите, парковите и Градскиот плоштад во Гевгелија, а се дезинфицираа и дел од улиците и јавните површини и во населените места. Акцијата во останатите населени места ќе продолжи утре (13 април, 2020 година).