Сашо Поцков: Граѓаните да продолжат со дисциплинираното однесување согласно забраната за движење
Градоначалникот на општина Гевгелија и командант на Општинскиот штаб за заштита и спасување,
Сашо Поцков, по денешната седница на Општинскиот штаб, информираше за донесените мерките, согласно најновата одлука на Владата на РСМ за забрана за движење во периодот од 17 април 2020 година, во 16 часот, до 21 април 2020 година, во 05 часот наутро. Приоа, тој изрази задоволство и благодарност до граѓаните на општина Гевгелија кои доследно се придржуваа на мерките за забрана за движење во изминатиот викенд. Истовремено, изрази надеж и упати апел до граѓаните за совесно однесување и при престојниот зголемен полициски час за време на велигденските празници.
- Општинскиоит штаб за заштита и спасување донесе посебен Оперативен план за обезбедување на редарски служби на територијата на општина Гевгелија од четврток, 16 април 2020 година, па се до вторник, 21 април 2020 година, пред маркетите, филијалите на банки и пошти, како и излетнички места и туристички населби. Во четвртокот, на 16 април и вторникот 21 април, пред и по велигденските празници, ќе бидат засилени редарските контроли пред поголемите супермаркети, филијали на банки и поштата во центарот на Гевгелија. Исто така, ќе бидат засилени редарските служби на излетничките места во Гевгелија – паркот кај железничката станица, Динќут, Вардарски Рид, Негорските бањи и Бел рај во Миравци, како и во туристичките населби Смрдлива вода, Серменин, Ума и Конско. Засилено редарско обезбедување на овие пунктови ќе има во текот на работните денови до 16 часот, кога започнува да важи забраната за движење, рече Поцков.
За време на породолжениот викенд и забраната за движење, снабдувањето на граѓаните преку достава ќе се врши преку пријавените економски оператори, а општинските тимови на старите и изнемоштени лица ќе им помагаат во набавката на прехранбени артикли и лекови во работните денови до започнувањето на забраната за движење во 16 часот. Од страна на ЈПКД „Комуналец“ продолжува дезинфекцијата на улици и јавни површини во градот и во населените места според Оперативниот план кое се одвива во соработка со Центарот за јавно здравје- ПЕ Гервгелија и ТППЕ-Гевгелија.
- Општинскиот штаб побара засилена превентивна контрола од ТППЕ- Гевгелија од можната појава на пожари, преку засилена контрола на потенцијалните жаришта како што се дивите депонии, стрништа и одделни јавни површини. Што се однесува до шумите, со кои стопанисува ЈП ШС ПЕ „Кожув“ побарана е, исто така, засилена копнтрола во соработка со ТППЕ- Гевгелија. Бидејќи можностите од избувнување на пожари се сосема реални и во оваа состојба уште повеќе би ги усложниле работите, нагласи градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.