Редовна дезинфекција на улиците и јавните површини
Денес, во текот на забраната за движење за велигденските празници,
екипите на ЈПКД „Комуналец“ и Противпожарната единица ги дезинфицираа улиците и јавните површини во Гевгелија. Истовремено, и во дел од населените места се дезинфицираа улиците и јавните површини.
Според донесените мерки на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување, ЈПКД „Комуналец“ како главен носител на оваа акција, во соработка со останатите јавни институции, врши редовна дезинфекција на улиците и јавните површини, на секои пет дена согласно Оперативниот план, со препораки од Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.