Велигденска честитка од градоначалникот Сашо Поцков
Во пресрет на велигденските празници, градоначалникот на општина Гевгелија,
Сашо Поцков, ја упати следната честитка:
Почитувани сограѓани,
Во пресрет на најголемиот христијански празник -Велигден, посакувам Воскреснатиот Исус да воскресне во нашите срца, во нашите семејства, во цела општина Гевгелија, во нашата татковина, и да не исполни со својата светлина и љубов.
Посебно во овие моменти, кога целокупното човештво се соочува со досега невидена пандемија и битка, да го заштитиме нашето и здравјето на човечкиот род.
Исус со својата смрт ја победи смртта и ни дарува вечен и среќен живот.
Наша должност е да се бориме и да го зачуваме сопствениот живот, животот на нашите најблиски и на сите околу нас..
Исус секогаш победува.
Љубовта секогаш победува.
Славејќи го Исусовото воскресение, секој во својот дом, со своите најблиски, да покажеме дека со љубов и заедништво можеме да се справиме со овој и со многу други предизвици.
Да си посакаме среќа и здравје во ова време-невреме, но и одговорно да се однесуваме кон новонаметнатите правила, бидејќи тоа е единствениот пат на нашето повторно нормално живеење, работење и опстојување.
Честит Велигден!
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!