Пријавете семејно насилство и за време на забраната за движење
Министерството за труд и социјална политика и останатите институции
координирано постапуваат и преземаат конкретни мерки за заштита на жртвите согласно законските надлежности за итно и должно постапување и за време на полициски час. Стручните лица од Центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење и за време на полициски час, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка.
Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица.
Во случаи кога постои сознание за загрозување на животот и здравјето на граѓаните како последица на семејство насилство или насилство од својот партнер да пријават на 192, СОС линиите (070/075/077/ 141 700), во Центарот за социјална работа- Гевгелија (034 213 797) или Полициска станица- Гевгелија (192). Институциите даваат највисок приоритет на пријавите на семејно насилство и ги преземаат сите мерки за заштита на жртвите.