Нови ограничувања за движење за првомајските празници
На 47 седница, Владата на Република Северна Македонија донесе
Oдлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.
На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро следниот ден.
За лицата над 67-годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05:00 часот наутро до 11:00 часот.
Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.