10 донирани таблети од „Еколог“ за учениците од социјално-ранливите категории
Вчера, 28 април, 2020 година, градоначалникот на општина Гевгелија,
Сашо Поцков, оствари средба со тетовската компанија „Еколог“ која преку Министерството за образование и наука донираше таблети за неколку општини. „Еколог“ донираше 10 таблета на Општина Гевгелија за потребите на учениците од социјално-загрозените семејства за непречено следење на онлајн-наставата.
Денеска, Градоначалникот ќе им ги подели овие таблети на десетте ученика со што ќе бидат комплетирани утврдените 25 од социјално-загрозени семејства во Гевгелија и населените места, од кои останатите 15 добија училишни персонални компјутери по иницијатива на директорите на гевгелиските училишта во соработка со Општина Гевгелија.