Пакети со прехранбени производи за граѓаните од социјално-ранливите категории
Oд денеска, во тек е четвртата акција за помош
на социјално-ранливите категории, корисници на гарантирана минимална помош, корисници на Народна кујна и корисници кои искористиле право на еднократна парична помош, според доставениот список од страна на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Гевгелија. Општинските мобилни тимови ќе поделат околу 100-тина пакети на исто толку социјално-ранливи категории на граѓани во Гевгелија.
Пакетите со прехранбени производи како: брашно, шеќер, сол, зејтин, грав, ориз, леќа, макарони и чајни колачи, се донација од сопственикот на „SYNOTtip Македонија“- Гевгелија која покажа општествена одговорност приклучувајќи се на акцијата на Општина Гевгелија за помош на 100 семејства во време на пандемија од Ковид-19.