Акција за одржување на јавните површини и зеленило во Гевгелија и населените места
Со почетокот на сезоната за косење, екипите за одржување на јавните паркови
и зеленило при ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија почнаа со редовното уредување, косење и одржување на тревниците и жардинериите на градските паркови, станбените дворови, институциите и детските игралишта, како во градот, така и во околните населени места во општината.
По извршениот увид на терен, покрај редовното одржување на јавните паркови и зеленило, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија во соработка со Општина Гевгелија, поради почетокот на летната сезона и опасноста од пожари, ќе изврши косење на израснатите тревници пред и на неизградените земјишта кои се во сопственост на граѓаните од Општина Гевгелија.
ЈПКД „Комуналец“ апелира до сопствениците на неизградените земјишта да не ги запоставуваат и редовно да ги одржуваат имотите бидејќи косењето на тревниците пред ваквите објекти не е во надлежност на „Комуналец“. Доколку сопствениците не придржуваат на меркте, ќе бидат санкционирани од страна на Општинската комунална инспекција.
Активностите за одржување на јавните паркови и зеленило се предвидени во усвоената Програма за работни активности на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2020 година, од страна на Советот на Општина Гевгелија.