Почнува втората фаза од ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково-крстосницата кај пумпата „Шимов“
Со денешното воведување во изведбените работи
на избраниот изведувач – фирмата „Жикол“, официјално започна втората фаза од ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково-крстосница со регионалниот пат Гевгелија- Богданци. Како што е познато, во тек е ревитализацијата на првата фаза, а со отпочнувањето на втората фаза ќе биде извршена целосна обнова на овој регионален патен правец кој ги поврзува општините Гевгелија и Богданци.
И првата и втората фаза од проектот се имплементира преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година од Бирото за регионален развој, а во рамките на приоритетните проекти на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
По завршување на тендерската постапка и електронската аукција, најниска цена имаше понудувачот „Друштво за градежништво и трговија ЖИКОЛ ДООЕЛ експорт импорт Струмица“ со кој беше склучен договор за извршување во износ од 4.968.475 денари без ДДВ. Надзорот ќе го врши проектантската фирма „Гоја“ од Гевгелија која денес изврши воведување во работата на изведувачот. Така што во наредниот период парачлелно ќе се одвива ревитализацијата на целиот пат и во првата и во втората фаза која се наоѓа на теритопријата на општина Гевгелија.