Започна скринингот од Ковид-19 за вработените од гевгелиските детски градинки
Денеска, во Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, започна
скринигот од Ковид-19 за вработените во детските градинки во Гевгелија.
- Се очекува до среда, 20 мај, преку PCR-тестови, да бидат тестирани над 100 вработени од градинките во општина Гевгелија. Епидемиолози сметаат дека потребно е да се направат задолжителни тестови за Корона вирус, на вработените во градинките бидејќи тешко е да се направи социјална дистанца помеѓу децата, истакна епидемиологот, д-р Сашко Олумчев, при Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија.
Од страна на Министерството, во тек е подготовката на протоколите за тоа на кој начин ќе се одвива згрижувањето на дечињата.
- Во сите објекти на градинките на територија на општината Гевгелија е извршена дезинфекција и чистење на душеците од детските креветчињ, за да се отстранат сите вируси, бактерии и микроорганизми. Исто така, е извршена и дезинсекција и дератизација. Овој период, додека дечињата се во своите домови, го искористивме максимално да се издигне нивото на хигиена во објектите. Исто така, во изминатиот период е направена и телефонска анкета на родителите за тоа дали имаат потреба веднаш да бидат згрижени нивните дечиња во градинка штом се укине мерката за отсуство од работа на еден родител на дете до 10 години. Половина од анкетираните родители дале потврдни одговори, истакна Бети Стоименова, директор на ЈОУГД „Детска радост“- Гевгелија.