Извршено првото третирање против ларви од комарци
Извршено е првото годишно третирање
против ларви од комарци. Екипи на компанијата „Лиса ком“ која беше избрана на тендерот што го организираше Центарот за развој на ЈПР, заедно со претставници на општина Гевгелија и Центарот за здравје- ПЕ Гевгелија, кои ги одредија претходно локациите за третирање, ги расфрлија гранулатите на жариштата. Третирањето беше извршено на скоро 10 хектари на територијата на општина Гевгелија, согласно локациите и Елаборатот изработен од страна на Центарот за здравје на ПЕ- Гевгелија.
Кон крајот на месецот, ќе биде извршено и второто третирање против ларви од комарци, а веднаш потоа и теренско прскање против возрасни комарци. Прскањето ќе биде извршено на териториите на сите десет општини во ЈИПР од страна на истата компанија која на јавниот повик даде најповолна понуда. Во општина Гевгелија, според договорот, предвидени се три прскања против возрасни комарци.
Истовремено, на територијата на општина Гевгелија се изведе и пролетната акција за дератизација. Притоа, беа третирани скоро 1400 шахти во целата општина од страна на компанијата „Лиса ком“, со која општина Гевгелија потпиша Договор за дератизација. Покрај пролетната акција за дератизација, предвидена е уште една акција за дератизација и, тоа, наесен.