Советот на Општина Гевгелија ќе расправа за општинските мерки за ублажување на последиците од Корона вирусот
Советот на Oпштина Гевгелија на 27 мај, 2020 година,
во среда ќе ја одржи својата 45 седница, на која ќе расправа за општинските мерки за ублажување на последиците од Корона вирусот во општина Гевгелија. Покрај ова, Советот ќе расправа и за Кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Гевгелија во првото тримесечjе во 2020 година, како и за Кварталниот извештај за тримесечното работење на ЈПКД „Комуналец“. Советниците ќе го утврдат и приоритетниот проект за аплицирање на последниот повик на ИПА-ППС со Грција, а ќе дадат и мислење за статутите на образовните институции.
Седницата на Советот на Oпштина Гевгелија, ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 11 часот, согласно Протоколот за организирање на работни состаноци, а ќе се работи по следниот дневен ред:
- Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2020 година, (01.01.2020-31.03.2020 г.- КУМУЛАТИВ),
- Предлог-Одлука за измена на Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси во општина Гевгелија,
- Предлог-Одлука за учество со предлог-проект „Воведување гастро-туризам како нов бренд на дестинации во прекуграничниот регион (Gastro-tour)“, во ИНТЕРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка „Република Грција-Република Северна Македонија 2014-2020“,
- Предлог-Одлука за реонизација на Општинските основни училишта на територијата на општина Гевгелија,
- Предлог-Решение за давање мислење од Советот на Општина Гевгелија за Статутот на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
- Предлог-Решение за давање мислење од Советот на Општина Гевгелија за Статутот на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија,
- Предлог-Решение за давање мислење од Советот на Општина Гевгелија за Статутот на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
- Предлог-Решение за давање мислење од Советот на Општина Гевгелија за Статутот на ООУ „Климент Охридски“- Миравци,
- Предлог-Решение за давање мислење од Советот на Општина Гевгелија за Статутот на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија,
- Предлог-Решение за давање согласност на Извештајот за финансиското работење на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01.2020 г. - 31.03.2020 г.,
- Информација за работењето на АД за водостопанство на РМ - подружница „Јужен Вардар“- Гевгелија во 2019 година, со Информација за состојбата со речните корита и одводните канали во општина Гевгелија, нивното уредување и користење.