Бетонирање на крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија
Започнаа активностите за бетонирање
на крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300 метра. Изведувач на работите е градежната фирма „Мансард“ која на јавниот повик даде најповолна понуда. Овој крак се очекува да биде завршен во сабота. Според Оперативниот план на Општина Гевгелија за бетонирање на помали улици и краци, со уредувањето на кракот, на граѓаните кои живеат на оваа улица ќе им се реши деценискиот проблем со кој се соочуваа и ќе добијат услови за непречено и побезбедно одвивање на сообраќајот.
Како што најави градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, продолжуваат активностите за бетонирање на помали улици и краци кои беа стопирани поради пандемијата од Корона вирусот и вонредната ситуација. По завршувањето со бетонирањето на кракот од улицата „Деко Ковачев“, изведбените работи ќе продолжат и во населените места.
Инаку, во изминатиот период беше избетонирана улица во Петрово која води од центарот на селото до црквата во селото, крак од улицата во Гевгелија која се протега долж одводниот канал „Рауљ“ од Мостот на патот за Негорци кон новиот хотел „Paint it black”, a се бетонираа и улиците „Гоце Делчев“ и „Бошко Бозаџиев“ во Мрзенци.