Oд денес започнува уписот на првачињата според протоколот со мерките за заштита од Корона вирус
Од денес, почнува уписот и тестирањето
на првачињата во сите основни училишта во општина Гевгелија и тоа по строго утврдени правила како мерки за заштита од Корона вирусот. Според протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение изготвен од Владата на РСМ, пред влезот на секое училиште ќе има поставено средство за дезинфекција на обувките и рацете, како и едукативно-информативни материјали за почитување на превентивните мерки.
Родителите задолжително треба да носат заштитна маска на лицето и ракавици и да одржуваат физичко растојание. Исто така, треба да знаат дека е строго забрането групирање на присутните во училиштето.
Разговорот со секое дете што се запишува во прво одделение ќе се врши во определена просторија за таа намена, која овозможува најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните. Во неа може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од родителите или старателите на детето. Просторијата почесто ќе се проветрува, по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите. За време на паузите, забрането е групирање на присутните во училиштето.
По завршување на секој разговор,с просторијата треба да се исчисти со специјално средство против вируси ќе се дезинфицираат работната површина на која се работело со детето и подот. Во оваа просторија и на излезот од училиштето ќе бидат поставени корпи за отпадоци со капак.
Општината апелира да се почитува овој протокол за упис на првачињата, изготвен во согласност со препораките на Министерството за образование и наука.