Бетониран крак од улицата „Ѓорѓи Сугаре“
Денес, заврши бетонирањето на крак
од улицата „Ѓорѓи Сугаре“, во должина од 130 м. Како што е веќе познато, за реконструкција и подобрување на локалната патна мрежа е задолжена градежната фирма „Мансард“.
По бетонирањето на „Ѓорги Сугаре“, според Оперативниот план на Општина Гевгелија за бетонирање на помали улици и краци, во текот на наредните денови ќе се бетонираат уште два крака од улицата „Деко Ковачев“. Минатата недела, заврши бетонирањето на еден крак од истоимената улица што се протега покрај одводниот канал „Рауљ“, во западниот дел од градот.
Акцијата за бетонирање на помали улици и краци ќе продолжи и во наредниот период со цел да се обезбеди соодветна патна инфраструктура, а со тоа и граѓаните на општина Гевгелија да добијат уредено опкружување.