Ревитализација на старото осветлување со нови лед-арматури
Во општина Гевгелија се спроведе акцијата
за замена на уличното осветлување. Од влезот на градот до кружниот тек, заменети се старите дотраени натриумови арматури од 250W со нови лед арматури од 100 и 150W.
По завршувањето на тендерската постапка за одржување и проширување на уличните мрежи, Општина Гевегелија набави 95 нови лед-арматури со кои градот ќе биде подобро осветлен, а истовремено ќе се заштеди и на електричната енергија. Според калкулациите, со поставувањето на новите лед-арматури годишно ќе се заштедат 612.000 денари.
Исто така, променети се и лед-арматурите на потегот од кружниот тек до грчките згради, на булеварот „Гевгелија“. Замената ја извршија Општинските служби од Одделението за комунални дејности.
- Целта на поставувањето на новото лед-осветлувањето во дел од сообраќајниците и локалните патишта во зоните на живеење е дополнително да се зголеми енергетската ефикасност на системот за улично осветлување, да се заштеди на електричната енергија, а истовремено да се подобри социјалната и сообраќајната безбедност, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.- Целта на поставувањето на новото лед-осветлувањето во дел од сообраќајниците и локалните патишта во зоните на живеење е дополнително да се зголеми енергетската ефикасност на системот за улично осветлување, да се заштеди на електричната енергија, а истовремено да се подобри социјалната и сообраќајната безбедност, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.
Инаку, во месеците март и април, извршени се 18 интервенции за отстранување на дефект во уличното осветлување. Сите овие барања се решени, а отстранувањето на дефектите се врши континуирано од страна на фирмата-изведувач, која постапува, не само според пријавените барања, туку и според увидот на надлежните Oпштински служби за состојбата на уличното осветлување. Подеднакво, во Гевгелија и во другите населени места, бидејќи целата општина е покриена со мрежата на уличното осветлување