Обележување на улиците со хоризонтална сообраќајна сигнализација
Во тек е акцијата за машинското обележување
на улици со хоризонтална сообраќајна сигнализација во општина Гевгелија. Обележувањето го врши струмичката фирма „МС СТОП ИНЖИНЕРИНГ“, со која Општина Гевгелија склучи договор за јавна набавка.
Според договорот, во општина Гевгелија обележувањето со хоризонтална сообраќајна сигнализација ќе се изврши на површина од 4000 метри квадратни, со коe се опфатени: на 3500 метри квадратни машинско обележување со бела боја за пешачките премини и средишните и рабни линии по сообраќајната лента; на 400 метри квадратни машинско обележување со жолта боја за автобуските и такси стојалиштата; и на 100 метри квадратни машинско обележување со црвена боја за кружните текови.
За реализацијата на оваа акција, Општина Гевгелија издвои 395.670,00 денари без ддв од Општинскиот буџет.
Со тековната активност ќе се зголеми прегледноста на улиците и ќе се подобри безбедноста во сообраќајот што е приоритет во работата на локалната самоуправа.